(ФОТО) Големи протести во Бразил пред СП 2014
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2014 13:32
Помалку од четири дена од отварањето на Светското првенство, Сао Паоло стана сцена на протести, улични пожари и судири во понеделникот за време на штрајкот на работниците во метрото, пренесува брутанскиот Гардијан
Штрајкот, кој ја оневозможи работата на половина од метро станицата и го доведоа до колапс сообраќајот во најнаселелениот јужноамерикански град, е само последната главоболка за организаторите во моментот кога националните тимови на САД, Шпанија и Аргентина пристигнаа за почетокот на турнирот во четвртокот.
Безбедноста исто така е голем проблем, посебно во Рио де Женеиро, после зголемените немири во урбаните сиромашни квартови.
Во понеделникот вечерта синдикатот на работниците во метрото најави дека штрајкот ќе биде во прекин два дена, а со гласање ќе биде одлучено дали ќе се продолжи и во четвртокот, за кога е закажан првиот турнир во Сао Паоло.
Возбудата поради турнирот е голема меѓу бразилската јавност, што се гледа по се поголемиот број излезеност на прозорите и фестивалската атмосфера на улиците, но и многу Бразилци и понатаму непријатно се чувстуваат поради 11 милиони долари трошоци на домаќинот на турнирот и го поврзуваат Светскиот куп со корупција, неефикасност, присилни иселувања и погрешни приоритети.
Противниците покренаа кампања против ФИФА на социјалните мрежи, синдикатите организираа штрајкови а активистите организираат протести во градските центри во близина на 12 стадиони на фудбалското првенство, од кои неколку се уште во фокусот на градежни работи во последните минути.
Иако овие демонстрации се далеку помали по бројот од протестите од милион луѓе во јуни минатата година, тие продолжуваат да ја тресат владата. Бразилската претседателка Дилма Русеф, која со соочува со реизбор во октомври, изјави дека безбедноста е приоритет сугерирајќи дека неименувани политички сили спремаат завера против неа.
„Денеска постои систематска кампања против Светскиот куп, или тоа не е кампања против Светскиот куп туку систематска кампања против нас“ рече претседателката во својот говор во градот домаќин Порто Алегро викендов.
Синдикалните лидери чувстуваат дека почетокот на турнирот ќе ја зајакне нивната позиција во однос на владата која нема да сака никакви инциденти сега кога очите на светот се вперени кон Бразил.
Работниците во метрото во Сао Паоло влегоаа во петиот ден од штрајкот за зголемување на платата за 12 одсто. Корисниците на метрото беа приморани да патуваат со други превозни средства што доведе до километарски сообраќајни гужви минатата недела, најлоши во оваа година.
Нивниот протест е потпомогнат од страна на активистите од Движењето на безимотните работници, кои ги блокираа патиштата и ја окупираа станицата во центарот на градот се додека не беа растерани со солзавец и полициска сила.
Претседателот на синдикатите, Алтино Мело дос Празерес, вели дека остар одговор на власта може само да доведе до понатамошни ескалации.
„Ако продолжи тепањето ние ќе разговараме со сите сектори. Ако нашите луѓе крварат, тогаш помош ќе побараме од металопреработувачите, од банкарските работници... па нека имаат генерален штрајк на отвворањето на купот“, рече тој.
Демонстрациите во понеделникот следеа после маршот од минатата недела од околу 10.000 активисти на Арената Коринтијанс, која ќе биде домаќин на воведниот натпревар помеѓу Бразил и Хрватска.
Во почетокот на овој месец домородци во главниот град Бразилија стрелаа со стрели кон полицијата поради одземеното земјиште.
Бразилскиот тим исто така е под притисок. Минатиот месец нивниот автобус беше нападнат од страна на демонстранти а минатата недела тимот беше исвиркан од страна на еден дел од толпата поради слабата игра на натпреварот против Србија.

Владата инсистира дека ќе биде во состојба да ја одржи безбедноста во текот на настаните. Скоро 100.000 полицајци и 57.000 војници ќе бидат распоредени да ги заштитат стадионските влезови, хотелите во кои ќе се наоѓаат екипите и тренинг центрите, покрај приватните обезбедувања внатре во тие комплекси.
Додека 500.000 странски навивачи почнуваат да пристигаат во земјата, друг предизвик ќе биде споротивставување на уличниот криминал.
Полицијата во Рио веќе неколку години спроведува долгорочна програма на пацификација на опасните делови од градот со цел враќање под контрола на групите кои долго биле ексклузивен реон на вооружени гангстери , но таа политика исто така покажува знаци на слабост во последните неколку месеци после јавните случаи на полициска бруталност.
Минатата година, илјадници жители на Рочинја излегоа на улиците да протестираат против исчезнувањето на Амарилдо де Соуза, ѕидарот кој последен пат бил виден во полициска станица, каде што бил испрашуван со електрични шокови и задушување.
Десет полицајци подоцна беа уапсени, но случајот, и неколку други од тогаш, само додадоа чувство на лутина кај многу жители поради брутални акции на полицијата во обид да се „смири“ заедницата за време на Светското првенство.
Обработка: И.Р
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел






