(ФОТО) ГОРИ ТОСКАНА: Се шири оган кај Пиза
Објавено во: Свет 25 Септември, 2018
Голем пожар ја зафати Тоскана.
Кај италијанскиот град Пиза, избувна голем пожар поради кој се евакуирани стотици жители на околните села.
Локалните медиуми јавија дека поради силниот ветар, кој дува до 40 километри на час, гаснењето на пожарот, во кое помагаат и два канадери, е многу отежнато. Четири хеликоптери не можат да полетаат, а тосканските пожарникари очекуваат помош од екипи од околните региони.
Евакуираните луѓе се згрижени во локални спортски сали.
Нема информации за жртви, додека властите стравуваат дека пожарот ќе стигне до населени подрачја.
Училиштата се затворени, а чадот се гледа од далеку, пренесува Ла Република.Хектари шума, и маслинови дрвја се изгоре, пишува весникот.
500 луѓе се раселени, а неофицијално има четири предизвикувачи на пожарот.