И денеска на терен се екипи на ЈП Водовод и канализација кои со засилена машинерија ги чистат шахтите во центар каде пукната главна канализациска цевка блокираше дел од градот.
Меѓутоа, инвеститорот на градилиштето почна да се оградува со бетонски огради за да не се гледа што и како се гради.
Работниците на водовод и канализација велат дека проблемот настанал поради тоа што инвеститорот без да се консултира со институциите копајќи на своја рака вчера вечер ја скинал цевката од главната фекална канализација поради што ископот за новиот објект се полни со фекалии.
Градежен инспектор на општина Центар ја запре градбата, а ќе побара и ќе испитува дали инвеститорот има елаборат за заштита на градежната јама. Според нив инвеститор на објектот е „Волис Проперт“, изведувач “Рапид Билд“, а надзор на објектот има „Поинт Дизајн“.
Во секој момент се очекува прес конференцијата на опозицискиот портпарол Петре Шилегов во однос на овој инцидент.
Според дел од медиумите ЈП Водовод и канализација најави тужба за изведувачот на зградата спроти МНР и ќе се бара и оштета за направена штета. Според порталите од претпријатието соопштиле дека ископот за зградата се наполнил со фекалии бидејќи компанијата која гради направила несоодветно поместување на фекалниот колектор.