Граѓанка со поплака до градоначалникот Стефковски: Непресметлив станар ги тепа соседите од зградата
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2025
Граѓанка под профилот Весна Арамат на „Ѕид на Општина Гази Баба“ го повика градоначалникот Бобан Стефковски да најде решение за непресметлив жител од станбена зграда во населбата Ченто кој ги напаѓа соседите. Од полицијата добиле одговор дека рацете им се врзани.
„Затоа што сите молчат, јас вака јавно. На ден 22.01.2025 во 8 часот избегнат е МАСОВЕН МАСАКАР во населба Ченто. Имено, лицето К. К, 44годишен почнувајќи од својот дом, каде ги напаѓа своите родители, продолжува со насилство во зградата каде што живее. Потоа продолжува со напади и по другите соседи.
Од НАПАДНАТИ 15тина, и 10тина пријави во полиција е приведен конечно според сознанија после 2 саати дивеење. Полицијата не зема изјава од ниеден нападнат. А на двајца им има влезено дома. Еден е со повреди на глава од шише нападнат, друг нападнат од стресот доживеа СРЦЕВ УДАР. Според сознанија напаѓачот бодејќи има дијагноза ќе биде ослободен за месец, полицијата советува да бидеме со клуч на врата, таков бил законот не можеле нисшто.
Во близина има училиште, како да се заштитиме од некој македонски Рибникар?? И ако идеме според закон, зошто немаат изјави земено од 15 нападнати?“, објави засегнатата станарка.
Таа уште еднаш упати апел до градоначалникот дали ќе презеде нешто по досегашниот напад над 20 соседи.