(ФОТО) ГРЦИЈА БРОИ ЖРТВИ: Вака изгледа предградието на Атина по разорните пожари
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2018
Грција ги брои мртвите. Во страшните пожари кои го погодија подрачјето на Атика во Грција, загинале најмалку 81 лице. Додека спасувачите трагаат за жртвите од куќа до куќа и стравуваат дека ова не е конечен број на загинати, страшните снимки сведочат за разорната моќ на огнот кој проголта толку луѓе и деца.
На видеата кои шират по социјалните мрежи се гледа доека огнот се симнал до самото море на десетина метри од хотелот полн туристи. Прикажано е и што останало од предградието на Атина по разорните пожари.
Грција ја зафатиле големи пожари кои не се видени во последните десетина години.
Во пожарите загинале и цели семејства, луѓето во нив останале без децата и своите најблиски, без кров над глава и се што стекнале во животот.
Пожарите избиле во понеделник, а носени од силен ветер, брзо се прошириле. Огнот кој беснееше скоро три дена однесе голем број на жртви, а селото Мати источно од Атина целосно е уништено во пожарот.
Спасувачите трагаат за жртвите од куќа до куќа и стравуваат дека ова не е конечен број на загинати.