19 Декември, 2025
0.0498

(ФОТО) Изведувачите од БАСКЕРФЕСТ веќе започнаа со своите атракции за скопјани

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2014 19:19

Добивај вести на Viber

Деновиве Скопје дише во ритамот на уличната уметност, култура и театар под отворено небо. Иако фестивалот БАСКЕРФЕСТ во Скопје се уште официјално не е започнат, баскер изведувачите секојдневно ги забавуваат скопјани во Пивница „Стар Град“ во Стара Скопска Чаршија, но и во центарот на градот односно на централните плоштади.

Во Скопската Чаршија од рано наутро па до доцна во ноќта постојано има спонтани перформанси кои го привлекуваат вниманието на сите посетители на пивницата, но и на случајните минувачи.

Едни од најатрактивните изведувачи се екипата на Golden Brunch од Србија кои жонглираат со оган, одат на штули и прават одлично визуелно шоу за сите гости на Пивница „Стар Град“. Марко,Сашка, Немања и Кристијан се дечките кои ги воодушевуваат сите намерни и ненамерни гости во чаршијата.

Покрај нив меѓу најатрактивните изведувачи се и Романците од составот Barbarossa Samba Group, кои со своите удирачки инструменти ги креваат на нозе и оние најмрзеливите. Многумина од посетителите коментираат дека за својата свадба би ги викнале токму овие енергични момци и девојки наместо некој турбо фолк бенд.

Доколку сакате да ја почуствувате магијата на БАСКЕРФЕСТ и пред официјалниот старт на 6 јуни 2014, ваше е само да ја посетите пивницата „Стар Град“ во Чаршија и заедно со ладното пиво да добиете бесплатен музички и визуелен перформанс од над 100 артисти од целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка