18 Декември, 2025
0.0457

(ФОТО) Клуб на историски возила формиран во Македонија

Објавено во: Мои пари 11 Октомври, 2014 21:41

Добивај вести на Viber

Меѓународниот клуб за историски возила и организација на настани Concours d’Elegance Foundation  од неодамна е официјално присутен во Македонија како Concours d’Elegance Club. Клубот е формиран со цел да го покачи нивото на ова мошне интересно хоби во државата, и преку едно организирано дружење на сите љубители на историски возила допринесе за зголемување на бројот и квалитетот на истите. Клубот во изминатиот период со организација на меѓународните настани Concours d’Elegance и Eastern European Classic Challenge успеа да изгради силни контакти со колекционери на историски возила од целиот свет. Воедно со присуството на престижни манифестации од овој вид во целиот свет покажа сериозност и спремност за истото искуство како во одржување и реставрација на овие возила, така и во организација на врвни настани го пренесе во Македонија. Клубот е формиран од страна на ентузијасти сопственици на историски возила (олд тајмери и јанг тајмери) каде што се вклучени автомобили, мотоцикли и автомобилски реплики на спортски историски возила кој се во завршена фаза и во фаза на реставрација. Дел од нашите автомобили имате можност да ги запознаете на денешната прес конференција, а секако доколку дополнителни детални информации за истите може да се побараат преку контакт со членовите на клубот. На веб страницата на клубот www.concoursdeelegance.com може да ја погледнете активноста во изминатите години, како и да научите повеќе за видот на самите настани кој беа организирани, а на истата во иднина ќе ги следите активностите на клубот кој следат. Членството во клубот е отворено за секој вистински вљубеник кој го сака ова хоби, и се грижи за зачувувањето на нашето а воедно и на светското културно техничко наследство, а клубот на секој таков вљубеник кој ќе биде член на истиот ќе му овозможи интересен годишен избор на настани во светот каде што организирано ќе се присуствува. Воедно од непроценливо значење за клубот е и размената на контакти и искуства во секој сегмент на живеење со овие автомобили, за да поседувањето на ваков автомобил претставува чест и задоволство.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?