16 Декември, 2025
0.1572

(ФОТО) Кратко и Јасно: 15 години Владимир Путин

Објавено во: Свет 28 Август, 2014 14:55

Добивај вести на Viber

Иконографија на која во бројки е претставена Русија за 15 години претседателствување на Владимир Путин е преведена на повеќе јазици и се шири на социјалните мрежи.

Оваа иконографија на која се гледа 15 години од „владеањето“ на Владимир Путин со брзина на светлината се прошири на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и останатите социјални мрежи.

Станува збор за објаснување низ бројки како се менуваше Русија низ 15 години за времето на Путин, кој го поддржуваат речиси 80 одсто од граѓаните.

Со наслов „Путиновите 15 години“ и поднаслов „Како Русија се менуваше во текот на 15 години откако Путин дошол на власт“, инфографиката ја покажува состојбата која Путин ја затекнал во земјата во 1999 година и состојбата која ја постигнал до 2013 год.

Еве како изгледа тоа низ бројки:

1999 година

БДП (бруто домашен производ) - 195 милијарди долари;

БДП по лице - 1320 американски долари;

Инфлацијата - 36,5 проценти;

Злато / девизни резерви - 12,6 милијарди долари;

Долг на државата - 78 отсто од БДП;

Пензии - 499 рубљи;

Плата - 1.522 рубљи.

2013 година

БДП - 2.113 милијарди американски долари;

БДП по жител - 14.800 американски долари;

Инфлација - 6,5 проценти;

Злато / девизни резерви - 8 проценти од БДП;

Пензии - 10.000 рубљи;

Приход - 29.940 рубљи;

Исто така, на графиконите се наведени и главните достигнувања на Русија во светот:

2000 - Остварен е сојуз со Белорусија;

2001 - Потпишување на договор за соработка со Кина;

2002 - Во Русија е воведена пазарна економија;

2003 - Нобеловата награда за физика отиде во Русија;

2004 - Победник на тенискиот турнир на Вимблдон (Марија Шарапова);

2005 - Русија се приклучи на листата на земји со висок степен на развој;

2006 - Русија беше претседавач на самитот на Г-8;

2007 - Путин во говорот во Минхен го стави  НАТО каде му е местото;

2008 - Русија ја преброди глобалната криза побезболно од други држави;

2009 - Рускиот пазар за раст станува лидер во светот;

2010 - Русија ја освои „Милениумската награда“ за докажување на хипотезите на Поинкар

2011 - Формиран е Евроазискиот Совет;

2012 - Русија го освои светското првенство во хокеј на мраз;

2013 - Русија стана најсилна економија во Европа;

2014 - Русија победи на Олимписките игри и се врати во Крим.

 Еве ја и германската верзија:

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица