17 Декември, 2025
0.0415

(ФОТО) Македонски Еуроимпекс ќе увезува автомобили Пежо и за Србија

Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2014 16:47

Добивај вести на Viber

Компанијата Еуроимпекс Аутогруп од Македонија викендов беше претставена во Србија како нов ексклузивен увозник на автомобилите Пежо за српскиот пазар. Еуроимпекс Аутогруп е првата приватна компанија во Македонија која започнала да се занимава со трговија со автомобили и лесни моторни возила, а денесска е единствената компанија од автомобилската индустрија која континуирано сите овие години е генерален увозник на еден ист автомобилски бренд. „Сопственичката структура на оваа компанија не е по првпат на српскиот пазар. Од декември 2009 година ги застапуваме Мицубиши Моторс преку компанијата Иното Моторс. Секој пазар има своја специфичност, а ние веќе ги совладавме потребите и можностите на потенцијалните клиенти, благодарејќи на работата со Иното Моторс“, вели Кирил Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс. Тој вели дека досегашниот увозник на овие автомобили за српскиот пазар Верано моторс професионално си ја одработила својата задача и го издигнала имиџот на Пежо на завидно ниво. Верано останува во мрежата на Пежо како главен дилер за Србија, со своите продажно-сервисни ценри во Белград и Ниш. Еуроимпекс Аутогруп ја започна својата прва кампања на српскиот пазар со европскиот автомобил на годината, Пежо 308. На своите клиенти им ветува и петгодишна гаранција, а наскоро на јавноста ќе го претстави и новиот рестилизиран Пежо 508.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата