(ФОТО) МАПА НА БОГАТСТВО НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ: Екс-ју земјите меѓу најсиромашните, каде сме ние?
Објавено во: Свет 07 Декември, 2017
Картографот Јакуб Мариан објави на својата веб страна мапа која ја прикажува распределбата на богатство во Европа.
Податоците прикажани на картата се темелат на анализа на швајцарската мултинационална финансиска корпорација која го мери богатството со собирање на вредности на финансиски и останат имот и одземање на вредноста на долгови.
Објавената карта на Европа ја прикажува средната вредност на тоа богатство по возрасна личност во поедини држави изразена во американски долари, а картата е објавена на порталот jakubmarian.com.
Според податоците од картата од сите земји на екс Југославија најбогата е Словенија, која отприлика е 2,3 пати побогата од Хрватска. На мапата се наведува дека податоците за БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија се со послаб квалитет, па треба да се земат со резерва.
Според тие податоци, Србија се наоѓа на 'рбетот по богатство од сите земји на екс Југославија, а Црна Гора речиси е трипати побогата.
Што се однесува до земјите членки на Европската унија, Хрватска е на самото дно по богатство.
Исланд е најбогат според оваа мапа, додека Украина е најсиромашна.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.