(ФОТО) На Монструозно око длабоко во Вселената „налетаа“ астрономите
Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2014 20:34
Оваа спектакуларна фотографија астрономите ја нарекоа „Око Сауроново“ по злобната волшебничка од Господарот на прстените, чиј симбол и еднинствена манифестација било вакво око.
Фотографијата ја насликале од Европската јужна опсерваторија, со многу голем телескоп сместен на врвот на Cerro Paranal во Чиле. Се работи за една од првите фотографии настанати со користењето на инструментот SPHERE, Спектро-полариметичен висококонтрастен инструмент за трагање по егзопланети.
На сликата се наоѓа величенствена звезда HR 4796A, опкружена со прстен од вселенска прашина. На обичен телескоп би се видела само прашина која би ја сокрила светлоста на прстенот, но SPHERE инструментот ја прекрива светлоста на матичната звезда како би можел да дојде до неверојатно слики со ваква острина.
Инструментот е доволно прецизен и во состојба е да го компензира влијанието на земјината атмосфера на сликата и може да ја разликува светлоста на звездата и рефлексијатата на светлоста од планета врз основа на боја и поларизација на светлината.
Овие напредни можности ќе му помогнат на SPHERE во откривањето на планети кои кружат околу оддалечените звезди, и нивното проучување во спектакуларна јасност.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





