19 Декември, 2025
0.0384

(ФОТО) Николоски: Специјалисти ќе земаат 36.500 евра месечна плата за проектот на „Бехтел и Енка“

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2023 07:06

Добивај вести на Viber

Пратеникот Александар Николоски, прикажувајќи нови делови од договорот со „Бехтел и Енка“ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, открива дека од Владата ќе бидат исплатени дополнителни 11 милиони евра за ангажирање на најмалку пет специјалисти за надзор за период од пет години.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  платата на еден специјалист ќе биде 36.500 евра.  Николоски вели дека бројот на специјалисти што ќе се ангажираат е недефиниран, што значи дека може да се повеќемина. 

- Со мене го носам еден од најсомнителните делови на договорот каде што вели дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и владата, кој што ќе имаат четири насоки на работа - создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите, рече тој.


Вели дека ова е нов момент од анализата на опозицијата на договорот за изградба на четирите автопати, кој е класифициран од власта, а ВМРО-ДПМНЕ, барем според партијата, го има добиено од свиркач. Николоски додава дека 11 милиони евра е дополнителна сума што ќе треба да се плати.

- Ова се суми коишто дополнително треба да ги плати Владата што значи теоретски доколку еден човек се ангажира за пет години колку што Владата вели дека ќе се изведат автопатите, во тој случај само еден човек би зел 2 милиони и 190 илјади евра, а доколку се ангажираат најмалку 5 лица колку што минимум треба да се ангажираат според овој договор, тие би зеле фантастични 11 милиони евра дополнителни средства од владата, рече Николоски и ја повика Владата да го демантира или да го потврди ова негово тврдење.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот