(ФОТО) Новата Мазда2 ќе биде и убава и економична
Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2014 13:03
Јапонската компанија Мазда, изминативе години ни претставуваше атрактивни модели 6 и 3, а најавува и нов 1,5 литарски дизел мотор кој ќе дебитира во новата генерација „двојки“.
Новата генерација дизел „Skyactive“ мотор ја следи истата филозофија која ја имаат и поголемите 2,2 литарски мотори. Иако многу читатели само ги коментираат парите кои треба да се издвојат за регистрација на автомобил со ваков мотор, Јапонците повеќе би сакале да коментираме како успеале да постигнат идеално согорување на горивото и покрај најнискиот степен на компресија.
Новиот мотор ќе развива максимална сила од 105 кс прр 4 000 вртежи додека максималниот вртежен момент ќе биде 250 Nm во опсег од 1500 и 2500 вртежи во минута.
Иако се`уште нема податоци за потрошувачкото гориво, Јапонците уверуваат дека новиот мотор е направем така да нема да бара било каков накнаден третман на издувни гасови, каков што користат европските конкуренти.
За да ги остварат овие цели, во Маздата покрај останатото употребиле стоп-старт технологија на гасење на моторот и кондензатор за складирање на вишокот на електрична енергија.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“





