02 Февруари, 2025
0.0465

(ФОТО) Осветена Црквата Свети Јован Крстител во Аеродром

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Со црковно-народен собир денес во Општина Аеродром, Скопје, осветен и отворен е новиот православен храм Свети Јован Крстител,  изграден со донација на градежната компанија Адора Инженеринг и ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Осветувањето го изврши поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со митрополитите: преспанско-пелагониски г. Петар, брегалнички г. Иларион, тетовско-гостиварски г. Јосиф, кумановско-осоговски г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент и повеќе свештеници на МПЦ, во присуство на ктиторот д-р Чифлиганец, градоначалници, претставници на државните институции, бизнис личности и голем број православни верници и граѓани на Скопје и Македонија.

-Цареви имало и пред Соломона и пред Константин Велики и пред Јустинијан, кралеви имало и пред Марко и Андреја, но имало и по нив, имало секогаш, но сите не граделе и не градат. И денес има многу поединции семејства, стопанственици и организации, кои имаат финансиски можности, но пак не градат сите и сите не му благодарат на Бога за тоа што фо имаат. А од Бога сме сите задолжени со животот и со добри дела треба да Му благодариме за сè што ни дал и што ни дава, зашто без него ништо не би можеле да правиме и имаме-порача на осветувањтео на црквата Свети Јован Крстител, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој на ктиторот му подари орден Свети Климент Охридски од Прв ред, највисокото признание на МПЦ, , а ктиторот д-р Чифлиганец на г.г. Стефан симболично му го предаде клучот од црквата Свети Јован Крстител и позлатен орден.

-Вербата во Бога им помогнала на нашите претци да ги одржат семејствата во време коа сме немале сопствена држава, ниту сопствена црква, ниту сме биле признати како народ. По повеќе децении оттогаш , по шест децении плоден живот и четири децении успешен работен опус, воден од вербата во Бога , на мојата земја самостојна и независна Република Македонија, со признат македонски идентитет и Македонска Православна Црква, на мојот македонски народ , им го подарувам православниот храм Свети Јован Крстител со желби тој да живее вечно и тука во македонскиот Јордан, реката Вардар, да се прославува крштевањето Христото-Богојавление-Водици.- порача ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој за изградбата на црквата доби благодарница од градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски.

-Да градиш црква е исто како да градиш куќа, покрив на својот народ, да градиш црква е да ја споделиш секоја радост и болка на луѓето. Да градиш црква е да откинеш еден свој дел од сопствената молитва за да беседиш со Возвишениот Бог!- порача проф. д-р Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници.

Новиот храм Свети Јован Крстител, кој две години го градеа над стотина градители-неимари на атрактивна локација, во паркот со авион во Општина Аеродром е петкуполна  црква висока 15,5 метри, со специфична, препознатлива, древна архитектура, изградена според каноните на МПЦ и традициите на нашето културно наследство. Црквата внатре е со богат живопис, а над главниот влез има мозаик со ликот на Свети Јован Крстител изработен во византиски дух со позлатени камчиња од Венеција и природни камчиња од Македонија. Во црковниот комплекс има камбанарија висока 18,5 метри, фонтана во облик на крст со три водоскоци, природен камен стар 25 милони години, тежок 15 тони, донесен од рудникот Бучим во Радовиш со пораките на ктиторот проф. д-р Чифлиганец, а дворот е партерно и хортикултурно уреден со места за одмор на посетителите. Од денес овој православен храм е во надлежност на Македонската Православна Црква.

Можеби ќе ве интересира

Старите залихи на кафе се причина за пониски цени во некои маркети. Кафето поскапе за околу 20%

Старите залихи на кафе се причина за пониски цени во некои маркети. Кафето поскапе за околу 20%

ТИНЕКС: ДО ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

ТИНЕКС: ДО ДОБАВУВАЧИТЕ НА ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

Дали знаете дека може да подготвите веган сарма со зелка, а притоа да биде органска и превкусна?

Дали знаете дека може да подготвите веган сарма со зелка, а притоа да биде органска и превкусна?

ИГРАЈ ОДГОВОРНО: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ИГРАЈ ОДГОВОРНО: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Силк Роуд Банка со нова, модерно уредена експозитура во Автокоманда

Силк Роуд Банка со нова, модерно уредена експозитура во Автокоманда

Успешна 2024 година за НЛБ Банка Зголемена добивка, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата

Успешна 2024 година за НЛБ Банка Зголемена добивка, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата

НЛБ Фондови: Аналитички поглед на 2025-та - Осврт на глобалните економски трендови, клучните двигатели на растот и предизвиците со кои се соочуваат различните региони

НЛБ Фондови: Аналитички поглед на 2025-та - Осврт на глобалните економски трендови, клучните двигатели на растот и предизвиците со кои се соочуваат различните региони

“Твој избор, твоја заштеда” – кампања на Тинекс со голем број намалени производи од сите категории

“Твој избор, твоја заштеда” – кампања на Тинекс со голем број намалени производи од сите категории

Мрежен маркетинг: Рушиме бариери за жени претприемачи

Мрежен маркетинг: Рушиме бариери за жени претприемачи