25 Ноември, 2024
0.0242

Фото: Отворена најдолгата и брза железничка линија во светот

Објавено во: Свет 26 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во Народна Република Кина  денеска беше пуштена во употреба најдолгата железничка пруга за супер- брзи возови во светот, меѓу Пекинг и главниот административен центар на јужната провинција Гуандонг, градот Гуангжу,пренесува Асошиејтед прес. Линијата е долга 2.298 километри, а делови од неа и претходно биле во функција, а патот од Пекинг до економскиот центар на југот на земјата ќе биде преполовен и, со возот кој оди 300 километри на час, ќе трае околу осум часа. Проектирана за максимална брзина од 350 км/ч, пругата ќе има 35 станици во поголемите градови. Според податоците на кинеското министерство за железнички сообраќај, брзата пруга ќе го зголеми и товарниот сообраќај меѓу Пекинг и Вухан за 20 милиони тони. -Развивме цел систем на ефективни сигурносни мерки“, изјавил претседателот на одделот за наука и технологија во министерството Џоу Ли. Во Кина планираат до 2015 година да има околу 120.000 километри пруга, вклучувајќи и 40.000 километри супербрза пруга. Во Кина супербрзи се нарекуваат сите пруги што дозволуваат брзини поголеми од 200 км/ч. Првите брзи линии на кинеската железница биле воведени во 2007 година, на средината на таканаречената „златна деценија“ на брз стопански раст и социјална стабилност во рамки на социјалистичкиот пат со кинески карактеристики. Во тој период и покрај глобалната финансиска криза од 2008 година, Кина стана втора по големина национална економија во светот со вкупен бруто домашен производ од 11.300 милијарди долари.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната