18 Декември, 2025
0.0602

(ФОТО) Отворена нова Телеком продавница во Градскиот трговски центар во Скопје

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2014 14:51

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денеска отворија нова продавница во Скопје. Продавницата, која се наоѓа на приземје, во Градскиот трговски центар на површина од 210 метри квадратни, има седум работни единици и нуди мултимедијално искуство за корисниците. Станува збор за нов концепт на продавници, со акцент на дигиталните комуникации на понудите, со многу live демо уреди, кои ќе овозможуваат тестирање во живо. Целта на концептот е преку интерактивно истражување и забава корисниците да се запознаат со телекомуникациските услуги и решенија на T-Home и T-Mobile, што ќе им овозможи најлесно да го најдат најдоброто решение за нив. Продавници со истиот концепт се отворени во City Mall, Capitol Mall и Велес. На денот на отворањето, Т-Мобиле подготви промотивна понуда за сите посетители –Samsung смартфони со 50% попуст, во Play Comfort тарифа. Продавницата ја отвори Андреас Маиерхофер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком. „Задоволството на корисниците е императив за нас, а новата продавница не само што ќе може да опслужува повеќе корисници, туку ќе им овозможи брзо и едноставно да го најдат токму тоа што им треба. Наша задача е да дадеме и дополнителна вредност за корисниците, а денешната понуда на Samsung смартфони со 50% попуст е токму тоа. Продолжуваме во таа насока “  изјави Андреас Маиерхофер. На денот на отворањето на продавницата, корисниците имаа можност да се дружат со македонските музички ѕвезди  Калиопи и Владо Јаневски, кои беа специјални гости. Оваа продавница е само уште еден чекор кон зацврстување на водечката позиција на најголемата и најдобра продажна мрежа на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, од 35 телеком продавници низ Македонија, информираат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?