19 Декември, 2025
0.1756

(ФОТО) Овие Македонци со MaxTV ќе патуваат во Бразил

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2014 15:03

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком денеска официјално ги додели главните награди од наградната игра „Со MaxTV на светското првенство во Бразил“ на тројцата среќни добитници кои ќе имаат можност да патуваат во Бразил на финалето од Светското првенство во фудбал.

Тројцата добитници: Диме Поповски, Радомир Димитриевиќ и Катерина Јованоска покрај повратен авионски билет добиваат и платено сместување за четири дена во хотел со 4 ѕвезди, платени трошоци за патната виза и билет за финалниот натпревар кој ќе се одигра на 13. јули на легендарниот стадион Маракана во Рио де Женеиро.

Наградите ги додели Густав Малер – Главен оперативен директор за приватни корисници во Македонски Телеком и Т-Мобиле, кој на добитниците им честита и им посака среќен пат.

Право на учество имаа сите постојни корисници на еден од пакетите 3Max или 3Max Optic, како и сите нови корисници кои се одлучија за овој пакет. Влечењето се реализираше по случаен избор, со компјутерска програма, од базата на корисници.

Покрај главната награда, исто така беа извлечени и добитници на 20 Sony LCD телевизори, кои беа доделувани секој петок, од започнувањето на наградната игра, 25 април, 2014 година па се до нејзиното завршување.

MaxTV е најдобрата дигиталната телевизија која на своите корисници им нуди едно поинакво телевизиско доживување, ексклузивни ТВ содржини, супериорен квалитет на ТВ сигналот, но и опции кои стандардната телевизија не е во можност да ги понуди.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка