(ФОТО) Означен почетокот на 181-от „Октоберфест“
Објавено во: Свет 20 Септември, 2014 19:32
Во Минхен денеска, е отварањето на Фестивалот на пивото познат како „Октоберфест“, со музика и накитени поворки љубителите на традиционалната забава кои дефилираа низ улиците на баварската престолнина, е означен почетокот на традиционалниот 181 „Октоберфест“ на кој се очекуваат милиони посетители.
Честа да го отвори фестивалот, а со тоа да го означи почетокот на најголемиот традиционален фестивал на светот му припаѓа веќе со децении на градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер, кој денеска со четири удари го отвори првото буре пиво и со тоа го прогласи отворен овогодинешниот „Октоберфест“.
И оваа година вештите баварски келнерки, носејќи и по десет кригли пиво во раце ќе ги воодушевуваат гостите од Европа, Америка, Австралија ... а организаторите очекуваат за време на овие денови забава да се испијат повеќе од шест милиони литри пиво.
„Октоберфест“, заштитниот знак на Баварија, се одржува речиси два века, а се започна со големата коњска трка на свадбата на престолонаследникот Лудвиг Баварски и принцезата Тереза Саксонска, во 1810 година ... и затоа полјаната каде се одржува фестивалот се нарекува „Терезина Ливада“.
Во почетокот било планирано забавата во знак на сеќавање на свадбата на Лудвиг Баварски да трае неколку дена, а потоа тоа се продолжило две недели. Секогаш почнува на крајот на септември, а организаторите го имаат испланирано времето на одржување на „Октоберфест“ за наредните десет години.
Како и порано - музиката и алкохолот се дел од оваа забава, а кога станува збор за пивото и Баварците, досегашното искуство покажува, дека воглавно, се испи толку литри пиво колку што има и посетители, додуша, има многу такви кои не пијат пиво, но, да потоа, другите гости ќе го избалансираат процентот на испиени кригли.
А на саемот оваа година ќе има се - и печени волови, и бели кобасици, и коленици, и миризливи слатки и други баварски специјалитети ... велат организаторите.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел







