05 Декември, 2025
0.3011

ФОТО: Погледнете ги подземните контејнери во центарот на Скопје

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2013 14:32

Добивај вести на Viber

Системот за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на ул. „Максим Горки“, општина Центар е промовиран денеска од страна на градоначалниците на Град Скопје, на Центар и на Чаир, Коце Трајановски, Владимир Тодоровиќ, Изет Меџити и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Ракип Дочи. Системот што се користи за вадење и спуштање на контејнерите, односно за нивно празнење е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подземните контејнери што се поставуваат во Скопје се од фирмата „Атрик“ од Словенија и се со зафатнина од 3 метри кубни. Трајановски истакна дека поставувањето 50 подземни контејнери на 15 локации, 14 локации во општина Центар и една во Чаир, кај маркетот „Веро“ ќе придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот. - На пет локации ќе се поставуваат по четири контејнери, од кои три ќе се користат за одлагање мешовит отпад и еден за ПЕТ-амбалажа, а на преостанатите 10 локации ќе се постават по три контејнери, од кои по два за мешовит и еден за ПЕТ-амбалажа, рече Трајановски. Носител на проектот за поставување подземни контејнери е ЈП „Комунална хигиена“, а рокот за завршување е крајот на март. За овој проект се издвоени 33 милиони денари, по 10 од Град Скопје и општина Центар, а 13 милиони од ЈП „Комунална хигиена“. Подземни конрејнери годинава ќе се поставуваат и во други општини, на три локации во Чаир, за што веќе е објавен тендер и на три дополнителни локации во Кисела Вода. Дочи рече дека идејата за поставување подземни контејнери е на градоначалникот Тодоровиќ, која ја прифатиле Град Скопје и „Комунална хигена“. Според него, сега Скопје добива модерен начин на управување со отпад, а скопјани добиваат поголема хигиена. Ќе нема непријатна миризба и нема да има расфрлање ѓубре.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје