(ГАЛЕРИЈА) Потпишан Протоколот, силен аплауз за влез на Македонија во НАТО
Објавено во: Македонија, Галерија 06 Февруари, 2019 11:05
Амбасадорите на земјите-членки во НАТО претпладнево го потпишаа пристапниот Протокол за прием на Македонија во Алијансата во седиштето во Брисел во присуство на министерот за надворешни работи Никола Димитров и генералниот секретар на пактот, Јенс Столтенберг.

Први потпишаа ополномоштените дипломати на Албанија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, а понатаму и сите други. Последен потпис стави претставникот на САД, а Димитров се поздрави посебно со сите нив. Во Брисел присутен е и Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО.

„Прашање на денови е кога Македонија ќе стане Северна Македонија. Тоа е последна нација која сака да биде, а се уште не е дел од НАТО. Ова е наша стратешка цел од 1993. Ова е резултат на работа на многу генерации. Треба да напоменеме дека најзаслужно за ова е лидерството на Зоран Заев и Алексис Ципрас, но секако и на Бојко Борисов. За нас НАТО е менување на судбината, за нас НАТО е семејство на нации во кои може да се најде сигурност. Тоа е фамилија која за нас го прави светот поотворен. Повеќе немаме државни спорови со ниту еден сосед. Патувањето не е готово. Но ќе имаме 29 пријатели и сојузници. Продолжуваат реформите во армијата, правото и дигиталниот развој. Сакам да ги поздравам сите амабасадори кои се тука и се заслужни за што побргу да го потпишеме овој пристапен Протокол - се обрати Димитров.

- Ова не беше лесен пат, имаше предизвици и компромиси. Многу години бевме рамо до рамо во мисиите, но сега дојде моментот да биде официјално заедно. Од овој ден вие денеска седнувате со нас на иста маса. Од денеска ќе ја следите нашата политика и нашите одлуки заедно со нас. Вашата посветеност го направи ова денес да е возможно - рече генералниот секретар на НАТО.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





