(ФОТО) Рака – градот на ИСИЛ од кој нема враќање и во кој заработуваат на најсуров начин!
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2015 17:42
Терористичката организација на Исламската држава (ИСИЛ) најде нов извор на приходи: почнала да ги продава телата на загинатитена нивните семејства, а граѓаните на Рака, сирискиот град кој го претвориле во „престолнина“ на својот калифат, ги приморуваат да плаќаат секојдневни парични казни по разни основи.
Исламистите ги продаваат телата на загинатите Курди на нивните семејства по цена од 10 до 20 илјади долари, дознава германски ФАЗ.
И извештајот на Гардија за животот во Рака исто така наведува дека џихадистите се соочуваат со финансиска криза и дека се обидуваат да ја решат со наметнување на разни глоби. Минатото лети поради пушење или незатварање на работното место во текот на молитва сторителите биле казнувани со неколку удари, а сега некои припадници на верската полиција примаат пари наместо телесна казна.
Како и да е, се зборува дека џихадистите ги проморуваат трговците да ги држат продавниците отворени кога е времето за молитва само за да имаат причина да им наплатат глоба за 1500 сириски фунти, односно околу 5 долари.
На џихадистите не им требаат само пари. Им недостасува и крв за повредените борци. Луѓето не сакаат да даваат крв па ги присилуваат на тоа. Да речеме, секој кој оди на суд, прво мора да оди во болница и да донира крв, а потоа да се врати со потврда за дадена крв и дури тогаш судот го разгледува неговиот случај.
Но, дури ни парите не може да ви обезбедат излез од Рка. Џихадистите затвориле многу компани, вклучувајќи адвокатски фирми, бидејќи тие веруваат во правен систем тврдејќи дека тој се обидува да го замени Законот на Алах со законот на луѓе.
ИСИЛ не сака луѓето да работат, туку само да страдаат кога мажите би им се придружиле на групата, а жените би се омажиле за џихадистите. Се зборува дека борците често конфискуваат војагра од аптека, а многу имаат повеќе жени и се често во потрага по нова. Градот станал темница за жените помлади од 45 години. Режимот тврди дека не можат да си заминат од таму бидејќи можеби ќе бидат силувани во областите кои ги држат ИСИЛ или другите бунтовнички групи.
Женските бригади издале соопштение во кое велат дека секоја девојка која сака да се омажи за борец на ИД, треба да носи бел вел под црниот и дека со нив ќе биде контактирано. Девојките не сакаат да се мажат за нив, но се приморани поради економските проблеми на нивните семесјтва. Меѓутоа, дури и кога се омажат, жените не го знаат секогаш вистинскиот идентитет на своите мажи, туку само нивното воено име.
ИСИЛ им забранила на мажите родени после 1992 година да го напуштат градот, а ако некој оди, џихадистите му ја заземаат куќата. Така се конфискувани куќи на многу христијани, членови на Сириската слободна армија и активисти.
Пред доаѓањето на цихадистите во Рака живееле околу милион луѓе. Сега се 400 илјади. Многумина не се осудуваат да заминат бидејќи немаат пари, но и се плашат за последиците на нивните семејства. Без работа, луѓето воглавно остануваат дома, гледаат ТВ или користат интернет. Обичните луѓе не може да живеат без интернет, а ни ИСИЛ не може без него. Тоа овде е како хероин, сите се зависни, пишува понатаму Гардијан.
Бидејќи не моќат да гледаат видео-клипови или користат Скајп бидејки припадниците на ИСИЛ некогаш ги контролираат телефоните, луѓето воглавно го следат Фејсбук и „WhatsApp“.
Жителите на Рака се загрижени за своите деца. Децата не се присилени да им се придруќат на ИСИЛ, но се досадуваат, не одат во училишт, а помладите од 13 години им е забрането да работат. Децата по цел ден се опкружени со борците со „калашникови“. Училиштата после година дена овој месец повторно се отворени, но професорите мораат да работата по училишна програма на ИСИЛ. Родителите се плашат дека на децата ќе „им го исперат мозокот“ па не ги пушаат на школо.
Неколку луѓе водат мали училишта во своите домови, но тоа е многу опасно. ИСИЛ се заканува дека ќе го убие секој професор кој држи приватни часови, посебно на девојчиња.
Гардијан наведува дека бројот на борци во Рака е голем, дека џихадистите од другите земји се држат заедно, групирани по националност или јазик и не се мешаат со жителите. Ако некој сака да разговара со борците, исламската полиција веројатно ќе го праша што ги вознемирува или ќе ги обвини за шпијунирање. Но и странците се нервозни, веројатно затоа што нивните семејства или влади не знаат каде се или што вистинските слики и имиња би можеле да им бидат објавени со што по враќањето дома би имале проблеми.
Меѓутоа, шансите да се вратат во своите домови се мали. Лесно е да се влезе во Рака, но многу е тешко да се излезе од неа. Странските борци по доаѓањето во градот најпрво се соочуваат со одземање на пасошите. Некои кои дошле од Лондон или Њујорк брзо почнуваат да се досадуваат бидејќи за нив Рака не е возбудлив град и бидејќи немаат што да прават, брзо го губат ентузијазмот.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки









