(ФОТО) СЕДУМ ПЕКОЛИ НА ЗЕМЈАТА: Никако не би сакале да се најдете на овие места!
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2015 15:35
Фоторепортерите кои известуваат од фронтовите често ги прашуваат: „Кое е најлошото место на кое си бил? Живееме во таков свет што на ова прашање можеме да му дадеме стотици одоговори, и секој би можел да се смета за точен, бидејќи постојат многу жаришта - „црни точки“ на кои беснеат вооружени судири. Министерството за надворешни работи на Шпанија објави 7 најекстремни места на кои никако не би требало да се наоѓате ако не сте припадник на мнозинството од народот.
1. Јемен
Јемен до пред неколку години се сметаше за безбедно место. Да го посетивте во 2006 година, би можеле да уживате во културата, историјата, архитектурата и единствената природна убавина на овие предели. Меѓутоа во претходните неколку години, Јемен се претвори во една од главните светски бази на терористичката група Ал Каеда, конкретно оној огранок на Ал Каеда кој превзеде одговорност за нападот на „Шарли Ебдо“.
Ал Каеда денеска контролира поголем дел од територијата на Јемен, вклучувајќи ја и прстолнината Сана, а северниот дел го контролираат бунтовниците, па така странските туристи одејќи во Јемен, на себе си потпишуваат смртна пресуда бидејќи ќе се најдат во средиштето на судирите на две завојувани страни.
2. Дуран линија (на границата на Авганистан и Пакистан)
Оваа административна граница го носи името по Хенри Дуранд, секретар на надворешните работи на британскиот проекторат кој сакал да постави граница на тогаш колонизирана Индија. Со настанувањето на Пакистан во 1947 година, оваа линија се претворила во граница која не ја признаваат ни Авганистанците ниту Пакистанците.
Во овој регион живеат Паштуни, народ кој не припаѓа ни на едната ни на другата етничка група и кој и понатаму е организиран во пленменски заедници. Мноѓу Паштуни заговараат став дека оваа зона би требало да добие независнот и така да настане нова земјата Паштунистан.
Освен тоа, во целиот судир се замешани и таливанците, кои потпомогнати од врските со Ал Каеда и десетина други исламистички групации, доминираат во овој регион од осумдесетите години на минатиот век.
3. Дел од Сирија и Ирак под контрола на исламската држава
Станува збор за моментално најактуелната и најозогласена исламистичка групација на светот. Додека во Сирија беснееше граѓанска војна помеѓу властите и бунтовниците, од сенка искокна третиот фактор - Исламската држава.
Припадните на Исламската држава се залагаат за воспоставување на единствено друштво засновано на шеријатскиот закон, со како што на сите им е познато, егзекутирање на главата, уништување на сите припадници на религија освен сунитската, продавање и силување на жени и брутални злочини кон „неверниците“.
4. Делови од северна Африка, каде што членуваат припадници на магрепскиот огранок на Ал Каеда
Територијата на која дејствува овој огранок на злогласната терористичка група зафаќа неколку држави - северниот дел на Чад, Нигер и Мали, како и југот на Алжир и Либија. Воглавно станува збор за пустински предели на централна Сахара.
Освен што територијата која терористите ја контролираат во тесна смисла е исклучително опасна , треба да се земе предвид и фактот дека состојбата во Чад е многу нестабилна поради неколку бунтовнички фракции кои се во меѓународен судир, но и понатаму се чуствуваат последиците на граѓанската војна кои ја погодија Либија пред само неколку години.
5. Северна Нигерија
После ИД, друга во медиумите најактуелна терористичка група е „Боко Харам“. Овие екстремни исламисти стојат зад бројните киднапирања и масакри, а неодамна во центарот на вниманието на медиумите дојдоа на мала влата, во сенка париските напади.
Најнеодамнешниот пример за бруталноста на овие екстремисти е масовната егзекутација која ја напраија во нападот на градо Бага која се наоѓа на границата на Нигерија со Чад. Во нападот животот ги изгубиле 2000луѓе., а крвавиот баланс од 2014 изнесува околу 9000 мртви.
6. Делови од Сомалија контролирани од исламистите
Во Сомалија се случува истата работа како и во многу други земји низ светот: државата нема контрола над целата своја територија. На тие места работите во свои раце ги земаат вооружени политички групи. Вакво сценарио во малку екстремна варијанта ја опфатило целата територија на Сомалија.
До пред само неколку години, официјалната власт под контрола ја имаа само еден дел од Могадиша, престолнината на оваа земја, а претседателот живеел во бункер со огромно обезбедување, Со меѓународна помош денес состојбата е малку поинаква. Официјалната власт под контрола ја држи малку поголем дел од територијата, но вооружените бунтовници и понатаму се „главни“ во добар дел од Сомалија.
Најмоќната исламистичка група во Сомалија е Ал Шабаб кој помеѓу останатите, ги финансира познатите сомалиски гусари.
7. Границата на Венецуела и Колумбија
На другиот крај на планетата, далеку од исламистичките групи, се води поинаква војна. Иако воените сили на двете валди се трудат да ја држат состојбата под контрола, и понатаму постојат црни точки на оваа граница кои се под управа на револуционарните групи како FARC (Las Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia - Вооружени револуционерни сили на Колумбија) и ELN (Ejército de Liberación Nacional - Војската на националното ослободување) и кои поради тоа се исклучително небезбедни за туристите.
Освен револуционери, тука се и неизбежните трговци со дрога, па оваа зона со право со вбројува на листата најнебезбедни места на светот.
И.Р
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел










