(ФОТО) Што им подари „ЕПЛ“ на вработените за Божиќ?
Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2014 19:40
Калифорнискиот гигант секоја година за божиќните празници ги развеселува вработените со некој подарок, а оваа година на подарокот му додале и писмо со кое ги разнежиле вработените. Овогодинешниот подарок бил пoсебно прилагодена верзија на скап ранец наменет за преносење на електроника, посебен крој прилагоден за разни гаџети со неизоставното ЕПЛ лого.
Во приложеното писмо пишувало:
„Ова е нашиот подарок за вас. Меѓутоа, тој подарок е невозможно да се спореди со она што вие ни го дадовте на нас. За подарокот е потребно мислење и сочуство. Потребно е во него да го вложите своето време, своите таленти, и своето срце. Вие ја подарувате вашата добрина, знаење, хумор и стрпение.
Ги подарувате така што го менувате колегата за да може да оди на заслужениот одмор. Ги подарувате секогаш кога го препознаете и пофалите направеното. Ги подарувате кога купувате кафе повеќе пред доаѓање на работа и го подарувате на колегата. Ги подарувате на почетокот на сезоната, но и накрајот на многу долгиот ден. Ги подарувате секогаш и без престанок. Прекрасни производи настануваат во Купертино. Прекрасни моменти се создаваат поради вас. Тие моменти се ваш подарок за овие празници - на вашите клиенти, вашите колеги и цел свет. Ви благодариме“.
Разнежнетите вработени со подароците се пофалиле на социјалните мрежи, а еден од нив напишал дека ЕПЛ го разгалил.
Вработените во фирмата ГУГЛ исто така нема да се жалат на овогодинешниот подарок. Имено, според неофицијални информации сите вработени во ГУГЛ овие празници на подарок добиле скап паметен часовник со Андроид.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“





