17 Декември, 2025
0.0577

(ФОТО) Што крие бункерот на Енвер Хоџа?

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2014 11:20

Добивај вести на Viber

Бункерот за случај на нуклеарен напад на албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа во Албанија вчера за првпат беше отворен за јавност, речиси 30 години по неговата смрт. Албанските граѓани за првпат добија можност да ѕирнат во скривницата на нивниот некогашен лидер изградена во Шиш Туфини, на три километри источно од Тирана. Станува збор за бункер со површина од 2.685 метри квадратни, изграден меѓу 1972 и 1978 година, кој во случај на војна требало да биде седиште на Централниот комитет и на Народното собрание. „Бункерот се состои од повеќе тунели високи 3,5 метри на пет нивоа и е вистински објект со пет ѕвездички во комунистичкиот систем“, објаснува Астрит, еден од петте чувари на местото кое ќе биде претворено во музеј. „Идејата за изградба Хоџа ја добил по посетата на Северна Кореја во 1964 година“, прецизира Едлира Пренди, портпаролка на Министерството за одбрана на Албанија и додава дека до неодамна бункерот се наоѓал на најтајната листа на албанската војска. Според разузнавачки извори, Енвер Хоџа и неговите блиски соработници имале уште најмалку четири слични скривници во близина на Тирана. Живеејќи во постојан страв од напад однадвор, Хоџа своевремено издаде наредба на територијата на Албанија да се изградат над 700.000 бункери за одбрана на земјата. Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Владата решила сите слични објекти да ги отвори за јавноста. Оваа скривница под името БУНК’АРТ ќе биде ставена на располагање на Министерството за култура и туризам.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата