(ФОТО) Сијарто допатува во Скопје со 100.000 маски и 5.000 скафандери
Објавено во: Македонија 06 Април, 2020 10:26
Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија, претпладнево допатува со карго-авион во Скопје со помош за Македонија за време на справувањето со епидемијата предизвикана од корона вирусот, а го пречека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
„Добредојде за Министерот за надворешни работи на Унгарија. Состојбата поврзана со пандемијата од Covid19 бара сплотеност, поддршка и разменување на искуства со нашите пријатели од целиот свет. Со цел операционализација на оваа помош, но и разменување на ставовите и гледиштата поврзани со соодветна превенција денес му посакав добредојде на Минстерот за надворешни работи на Унгарија, Н.Е. Петер Сијарто. Во текот на денот ќе оствариме билатерална средба во Министерството за внатрешни работи“, објави Чулев.

Претходно Чулев ја пречека и помошта испратена од премиерот на Словенија, Јанез Јанша, по што се создаде меѓупартиско препукување помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој ја обезбедил пратката.
Османи напиша дека во помошта има 100.000 маски и 5.000 скафандери.

„Солидарноста е најважната европска вредност што мора да ја зачуваме дури и за време на кризата! Во моментите кога секој се бори да обезбеди намирници за своите потреби, Република Унгарија покажа солидарност и поддршка со тоа што директно во Скопје обезбеди 100 илјади заштитни маски и 5 илјади скафандери, опрема која е навистина неопходна и ќе ни помогне во борбата против ковид 19“, објави вицепремиерот.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




