(ФОТО) Снежни врнежи: Критично во Бугарија, стотици села без струја поради снег
Објавено во: Балкан 09 Март, 2015 10:47
Втор ден Јужна Бугарија е блокирана поради снежните врнежи.
Напната и критична е ситуацијата во речиси целата земја, a најтешка е состојбата во областите Смолјан, Крџали, Хасково, Пазарџик, Пловдив. Има затворени патишта, а расчистувањето им се отежнува од паднати под тежината на снегот дрвја и тековните обилни врнежи.
Над 800 населени места во земјата останаа без струја повеќе од едно деноноќие. Електродистрибутивните компании соопштија дека работат на отстранување на дефектите, но проблемот е во влажниот снег, под чија тежина се кинат жиците. Вкупно 36 се испразнети далекуводи во областите Крџали и Смолјан, а за надминување на штетите биле испратени тимови од внатрешноста на земјата, пренесуваат бугарските медиуми.
Министерот за внатрешни работи во оставка Веселин Вучков, денес го собрал кризниот штаб за катастрофи и несреќи, не дал уверување за отстранување на дефектите бидејќи на електричната мрежа и се потребни денови. Повеќето места се тешко проодни.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени






