(ФОТО) Сојузот на стопански комори го прослави десеттиот роденден
Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2014 14:32
Во свечена атмосфера и одлично расположение македонската бизнис елита, политичари, претставници на дипломатскиот кор, новинари, музичари, заедно го прославија роденденот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Сојуз на стопански комори на Македонија претставува македонска деловна мрежа, која од своето основање до денес постојано работи за создавање подобри услови за работа и развој на микро, малите и средните претпријатија.
„Со досегашните успешно постигнати резултати станавме вистински двигателна економијата во земјава, на што сме особено горди. Но, тука нема да застанеме, напротив продолжуваме и понатаму со позасилена енергија во градењето на просперитетно економско општество. По десет годишната успешна работа ССК стана вистински глас на малите и средни претпријатија кои се двигател на економијата во Република Македонија“, истакна Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори.
Сојузот на стопански комори на Македонија постави репер за начин на соработка со Владата на
Република Македонија со цел подобрување на деловниот амбиент, со што ССК денес претставува најсилен глас на бизнис секторот.
Формиран во 2004 година, Сојузот на стопански комори на Македонија („ССК”) е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација во која се здружени осум стопански комори: Индустриската комора, Трговската комора, Услужната комора, Агро-бизнис комората, ИКТ комората, Туристичко-угостителската комора, Градежна комора и Сметководствена комора. Мисијата на ССК е да ја зголемува конкурентноста на компаниите и организациите што се членови на ССК, да го унапредува македонското деловно опкружување и да ја зголемува продажбата на производите на своите членки на глобалниот пазар.

Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“








