(ФОТО) ТРАМВАЈ „ВЛЕЗЕ“ ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОСЛО: Невообичаена сообраќајна несреќа во Норвешка

Објавено во: Свет 29 Октомври, 2024 13:17
Невообичаена несреќа се случи денеска во центарот на Осло кога трамвај излета од шините и релиси целиот прв вагон влезе во продавница за iPhone и компјутери, а норвешката полиција соопшти дека во несреќата полесно се повредени само четири лица, меѓу кои и возачот на трамвајот.
Во трамвајот имало дваесетина луѓе кога излетал од шините на раскрсницата на Сторгата, една од главните крстосници во норвешката престолнина, а фотографиите покажуваат дека најголемиот дел од првиот вагон на трамвајот удрил во продавницата.
Полицијата соопшти дека на сите им била укажана помош на лице место, но нема посериозно повредени.
Причината за несреќата не е веднаш утврдена, а полицијата соопшти дека го чека пристигнувањето на припадниците на норвешката државна безбедност.
Една четирикатна зграда со продавница на приземјето беше евакуирана како мерка на претпазливост за да се провери дали има оштетување на структурата, јави АП.
фото: EPA-EFE/OLE BERG-RUSTEN
Можеби ќе ве интересира
„АЛИЈАНСАТА МЕЃУ САД И ИЗРАЕЛ Е ПОСИЛНА ОД СЕ ДРУГО“: Израел ги поздрави синоќешните напади на САД

АМЕРИКА ГО НАПАДНА ИРАН! Погодени најголемите нуклеарни објекти - „Сега е време за мир“, порача Трамп

ДАЛИ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА НА РЕЖИМОТ НА ИРАН? Нема да капитулира и ќе продолжи да се брани

ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

РАСПОРЕДУВААТ БОРБЕНИ АВИОНИ: САД се поблизу до вклучување во војната меѓу Израел и Иран

Трамповата опсесија со „словенските жени“: Сите љубови на актуелниот американски претседател

СЕ СТРЕСОА НЕКОЛКУ ГРАДОВИ: Силен земјотрес го погоди Иран

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?
