(ФОТО) Уште еден супер маркет од Жито Маркети во Аеродром
Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2014 16:47
Жито Маркети отвори уште еден голем супер маркет во општина Аеродром, кој се наоѓа на булевар Јане Сандански број 67. На површина од 330 метри квадратни и паркинг простор, маркетот располага со 18 вработени и услуга на 4 наплатни каси.
Ново-отворениот Жито маркет во Аеродром е посебен заради тоа што покрај широкиот асортиман на производи по ниски цени, располага и со дополнителни содржини. Во склоп на маркетот има и пекара, месара, одел за печени пилиња и пиљара со свежо овошје и зеленчук.
„Задоволството на нашите потрошувачи ни овозможи да отвориме уште еден маркет во Аеродром, па подготвени сме да им излеземе во пресрет на нивните потреби и барања, како и секогаш да им понудиме врвна услуга, ниски цени и квалитет на производите што ги имаме“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележаа отворањето на овој супер маркет, а покрај големите попусти, гостите ја искористија и својата Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ за дополнителни бенефиции при купувањето.
Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“






