(ФОТО-ВИДЕО) Поплави во Сибир! Илјадници евакуирани, шест мртви
Објавено во: Свет 01 Јуни, 2014 18:45
Вонредна состојба е прогласена во голем број региони погодени од поплави на југот од Сибир, по што повеќе од 10.000 лица се евакуирани а шест лица загинале.
Во второто соопштение на истото министерство, се наведува дека во поплавите животот го изгубиле шест лица, објави агенцијата „Интерфакс“.
- Организирани се 40 привремени приватни центри. Засега во камповите за иселеници се сместени повеќе од 1.500 лица, вклучувајќи 530 деца - се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Итар-тас.
Најтешко погодена од поплавите е Алтајската република, каде се наоѓаат најмногу поплавени куќи. Во надоаѓањето на водата се оштетени и 12 делници на автопатот, како и шест мостови, наведуваат руските власти.
Нивото на водата во поплавените делови на градот Бијска во Алтајската република достигна дури 6,48 метри. Нивото на реките значајно се зголеми од обилните врнежи, кои паѓаат од 29 мај.
Поплавите ги уништија мостовите во неколку населени области. Во борба со поплавите во сибирските региони учествуваат околу 2.000 луѓе и повеќе од 630 опремени екипи, вклучувајќи девет авиони и десетина бродови.
Русија секоја пролет ја погодуваат поплави. Во 2012 година во поплавите во градот Крим загинаа 172 лица, потсетува АФП.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




