19 Мај, 2024
0.0308

(ФОТО) Викенд на зависници од спорт – повеќе од 1000 стомачни направени викендов во Скопје Сити Мол

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Како дел од настанот Sport City кој преку презентација на македонскиот спорт, но и на можностите за рекреативно спортување го доближи спортот до граѓаните, викендов Скопје Сити Мол беше исполнет со спортски Крос Фит предизвици.

На различни локации низ молот, посетителите имаа можност преку еден од овие интересни предизвици да ја тестираат својата физичка спремност и за тоа да добијат вредни награди. Олимписко подигнување тегови, скокање на јаже, стомачни вежби, склекови - беа само дел од дисциплините кои беа инспирација за сите посетители, меѓу своите шопинг активности да ја пробаат својата сила и издрживост.

Навистина интересно искуство и изненадување. Кој би очекувал дека после моето попладневно кафе ќе имам можност да пробам Крос Фит и за тоа да добијам награда. Никогаш не сум се сретнал со овој спорт, но навистина е интересен и динамичен. Успеав да го исполнам предизвикот на денот, што дополнително ми дава мотив да продолжам да се занимавам со спорт. Којзнае, можеби и со Крос Фит после ова…”, изјави еден од учесниците во предизвиците, кој успеа да направи повеќе од 100 скокови со јаже за помалку од една минута.

Повеќе од 1000 стомачни, 600 скокови на јаже, стотици килограми во олимписко кревање тегови и повеќе од 1000 склекови се дел од вкупните резултати кои беа направени во Спортските денови.

”Навистина претставува задоволство, во време кога сите живееме брзо и немаме време за спортски активности, да се видат посетители на молот како исполнуваат спортски предизвици. Она што беше уште повпечатливо беше натпреварувачкиот карактер кој го демонстрираа учесниците. Трансформацијата на Скопје Сити Мол во Спорт Сити се покажа како полн погодок – Македонците навистина сакаат спорт и веруваме дека ова ќе е само мал поттик сите да почнат да се заниваат со спортска активност, каква и да им одговара”, изјави Дарко Панчевски, дел од маркетинг секторот на Скопје Сити Мол.

Четиридневното спортско искуство Спорт Сити започна со презентација на сите активни спортски федерации во Републиката. Повеќе од 25 спортски федерации низ целиот мол, практично ја покажаа својата спортска вештина, со што беше креирана најголемата поставка и презентација на македонскиот спорт во историјата. Следејќи го ова фантастично отворање, деновите на спорт продолжија со Крос Фит тренинзи низ целиот мол, каде граѓаните активно се вклучуваа во нив со цел да ја пробаат оваа интересна спортска активност. Викендот беше резервиран за Крос Фит предизвиците, каде случајните минувачи учествуваа во предизвиците за што беа и наградувани.

Поради големиот интерес на посетителите, Музејот на македонскиот спорт во кој се претставени најзначајните експонати освоени низ историјата од македонските спортски тимови и репрезентации, ќе биде поставен и денес до кога посетителите ќе имаат можност да ги погледнат овие предмети кои се од непроцелниво значење за македонската спортска историја.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст