(ФОТО) ВИП донираше за подобрување на условите во детската болница „Козле“
Објавено во: Мои пари 12 Март, 2014 19:48
Донираната количина нови болнички чаршави и навлаки е доволна не само за моменталниот капацитет, туку и за потребите на новата болница која е во напредна фаза од изградбата. ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата - Козле е специјализирана институција за лекување на деца од 0 -16 години и може да згрижи околу 150 пациенти. Дејноста на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата - Козле, Скопје е организирана во 10 оддели и Дневна болница, 7 кабинети, 8 консултативни амбуланти и други немедицински помошни служби.
„Нашата определба да донираме за потребите на здравството е искрена и долгорочна. Таа произлегува од желбата да издвоиме дел од компаниските приходи за активности кои се значајни
за целата заедница. Особено сме среќни и задоволни кога тие средства одат во обезбедување добри услови за третман и здравствена заштита на нашите поколенија“, изјави Даниела Начевска Стојчевска од корпоративни комуникации во ВИП.
И во изминатите неколку години оваа компанија активно помага во унапредување на условите и модернизацијата на неколку јавни здравствени установи. Во три наврати беа набавени апарати и опрема за најголемата гинеколошко-акушерска клиника во Скопје, како и во специјализираната болница за белодробни заболувања во Јасеново, а беа донирани и средства за набавка на душеци и ќебиња за домот за деца без родители до 3 годишна возраст во Битола. Покрај во здравството, ВИП вложува значајни ресурси во поддршка на проекти во културата, уметноста и спортот.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




