29 Јуни, 2024
0.0283

(ФОТО) Законот за амнестија не помина по брза постапка, против гласаа пратеници од власта

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Собранието не го прифати предлогот по скратена постапка да се донесе законот за амнестија. На гласањето за потребата од негово носење „против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“. 

Претходно министерот за правда Кренар Лога овој предлог го бранеше со пренатрупаноста во затворите и нехуманите услови.  Министерот пред почетокот на седницата им подели на пратениците фотографии од состојбата во затворите.

Вчера заменичката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ  од Охрид и индиректно кажа дека СДСМ се против законот кој во Влада го протурка Лога, а кој премиерот Димитар Ковачевски најпрво го поддржуваше и бранеше, но подоцна се огради поради сознанијата дека со него ќе се амнестираат и осуденици во „Монструм“.

За попладнево тројцата министри од Алијанса најавија заеднички брифинг, така што не е јасно сѐ уште како ќе реагира Алијансата за Албанците на ваквата коалициска „рампа“. 

Веднаш по гласањето Лога се огласи на социјалните мрежи со коментар со кој не го криеше своето разочарување.

„Денеска Северна Македонија е понеправедна од вчера!“, искоментира кратко министерот.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори