19 Декември, 2025
0.0695

(ФОТО) Жито Маркети донесе ново задоволство за граѓаните од населба Ченто

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2014 14:34

Добивај вести на Viber

Жито го отвори својот нов маркет и прв во општината Гази Баба, лоциран во населба Ченто, на улица Маџари број 47. Маркетот се простира на 400 метри квадратни, со сопствен паркинг и три наплатни каси. За квалитетот на услугата да биде на највисокото ниво ќе се погрижи тим од 18 вработени. Овој супермаркет има и посебен одел за бела техника, како и своја пиљара, месара и пекара.

Zito Market vo n.Cento (2)

„Горди сме што овој маркет ќе биде меѓу првите супермаркети што нудат голем асортиман на различни производи коишто ќе им бидат од голема полза на жителите од Ченто и околните населби. Работевме многу напорно да го отвориме овој супермаркет и подготвени сме да ги задоволиме потребите на нашите купувачи, нудејќи им квалитетна услуга и производи. Ниските цени ќе бидат добра прилика за побогата трпеза за време на новогодишните празници“, изјави Далибор Ѓошевски, Генералниот извршен директор на Жито Маркети.

Во пресрет на новогодишните празници, граѓаните веќе имаат можност да се уверат во квалитетот што Жито Маркети го нуди и преку специјалните понуди за свежо овошје и зеленчук, месо и пекарски производи, да ја збогатат својата новогодишна трпеза со производи по ниски цени. Купувачите што ќе ја искористат својата Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ добиваат и дополнителни бенефиции при купувањето.

Zito Market vo n.Cento (1)

Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07.00 часот до 21.30 часот, додека во недела и во празнични денови, маркетот ќе работи од 08.00 до 14.00 часот.

Првиот супермаркет на Жито Маркети е отворен во 1988 година во Велес, а напорната работа, ниските цени, љубезноста на вработените и довербата кај потрошувачите, овозможи тие денес да располагаат со над 600 вработени во 42 супермаркети низ целата држава.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка