28 Септември, 2024
0.0271

Фотоцентралата на ЕСМ веќе девет месеци како е изградена и чека на пуштање во употреба

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Иако изградбата на фотонапонската централа од 10 мегавати на ЕСМ заврши пред девет месеци на старото рударско наоѓалиште на РЕК „Осломеј“, објектот се уште не е пуштен во употреба.

Од ЕСМ велат дека проектот до сега бил во фаза на тестирање и дека е поднесено барање за негово пуштање во употреба. Со вклучувањето на фотоцентралата на мрежа, ќе се прошири портфолиото на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, покрај хидроелектраните и ветерната централа во Богданци.

„ФЕ Осломеј 1 функционира во задолжителна тест-фаза. Апликацијата за добивање употребна дозвола е предадена на 04.01.2023 год. Се чека комисија од Министерството за транспорт и врски да направи увид на документацијата и на постројката, по што официјално ќе биде пуштена во погон и редовно регулирано производство“, велат од ЕСМ за „Фактор“.

Од таму додаваат дека производството на електрична енергија од тест-периодот се користи за внатрешни потреби на ТЕЦ Осломеј.

„Заради потребата од безнапонска состојба, мерења, интервенции, поправки, прилагодувања, параметрирање на инверторите, и АКАДА системот  и друго, количината на произведена електрична енергија е минорна, и произведената енергија се насочува само за сопствена потрошувачка на ТЕЦ Осломеј, односно не излегува на мрежа“, објаснуваат од претпријатието.

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски на почетокот на април лани присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаична електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема.

Инвестицијата се реализираше со кредит од Европската банка за обнова и развој и се очекува годишното производство од 15 до 17 гигават-часови, количина која може да ги задоволи потребите на околу 2.800 домаќинства.

Собранието лани го усвои Законот за заемот за финансирање на изградбата на уште една фотонапонска централа со иста моќност во Осломеј, проект на ЕСМ како дел од енергетската транзиција на земјата. Изградбата на фотонапонската централа Осломеј  чини 8,8 милиони евра и истата ја финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР без државна гаранција, во износ од 5,9 милиони евра, како и со грантот од ВБИФ во износ од 1,6 милиони евра и со сопствени средства во износ од 1,3 милиони евра.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО КАЗАХСТАН: Прва подружница на компанијата во Азија

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО КАЗАХСТАН: Прва подружница на компанијата во Азија

ЕВЕ ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ ЗАРАБОТИ ЈАВНА ОПОМЕНА - кои одлуки не биле навреме објавени

ЕВЕ ЗОШТО „ПЕЛИСТЕРКА“ ЗАРАБОТИ ЈАВНА ОПОМЕНА - кои одлуки не биле навреме објавени

ПРОФЕСОРОТ МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ - „Тетекс“ објави ценовно чувствителна информација

ПРОФЕСОРОТ МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПОЗИЦИЈАТА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ - „Тетекс“ објави ценовно чувствителна информација