(ФОТОГАЛЕРИЈА) Заев го пречека Матис
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2018
Фото: Фактор
Премиерот Зоран Заев го пречека секретарот за одбра на САД, Џејмс Матис, со уверување дека ќе се разговара за плановите на Македонија во НАТО, а не само да даде поддршка за референдумот на 30 сепотември за прифаќање на Спогодбата од Преспа.
- Матис е денеска дојден овде пред се да пренесе порака за охрабрување на референдумот дека добро е граѓаните да го искористат ова демократско право. Секако, ние ќе ја искористиме оваа прилика да разговараме за сите детали и соработката меѓу министерствата за одбрана на двете земји, на армиите за заедничките мисии кои ги имаме во Авганистан и јакнење на безбедносната соработка со САД, затоа што Америка е еден од нашите стратешки партнери, рече Заев.
Според Заев, Матис како пензиониран генерал и долгогодишен учесник на боиштата во Ирак и Авганистан, може елаборира на многу теми кога станува збор за подготвенсота на армијата..Тој би можел со своите совети да внесе напредок во АРМ и да ја крене армијата на повисоко ниво.
- Конечна цел да бидеме достоинствен партнер на земјите членки на НАТО за зачувањето на севкупниот мир во светот и овде во регионот.