(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САХАРА: Неверојатна глетка во Мароко
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2024
Поплави има во Сахара.
Врнежите предизвикаа поплави, а езерото кое се излеа пред половина век се наполнило со вода, објави „Дејлимејл“. Мароканските власти изјавиле дека дождот што паѓал два дена ја надминал количината на врнежи што паѓа во овој регион за повеќе од една година. Во Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележани се повеќе од 100 милиметри дожд во период од 24 часа. Сателитите на НАСА покажале како вода тече во езерото Ирикуи, познатото езеро меѓу Загора и Тата кое пресушило пред 50 години.
Пустинскиот дел на југоисточниот дел на Мароко е едно од најсувите места во светот и овде скоро никогаш не врне дожд кон крајот на летото. Во некои области наврнале повеќе од 250 милиметри дожд на метар квадратен.
Rare rainfall caused flooding in the Sahara desert, nourishing some of its most drought-stricken regions with more water than many had seen in decades.
— The Associated Press (@AP) October 8, 2024
Experts say this could profoundly alter weather forecasts in the future. pic.twitter.com/k6M1WuGfPV
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.