Добивај вести на Viber
И Франција го ограничи правото на хрватските работници кои сакаат да работат во оваа држава, Како што се наведува во соопштението на француската администрација, станува збор за преодни мерки.
Претходно уште девет земји од Унијата објавија ограничувања за хрватските работници, откако од 1-ви јули земјата стана полноправна членка на ЕУ. Влезот на пазарот на труд го ограничија Германија, Холандија, Кипар, Австрија, Велика Британија, Словенија, Белгија, Шпанија и Луксембург.
Дванаесет држави пак потврдија дека нема да воведуваат никакви ограничувања за Хрватска, и тоа Португалија, Полска, Шведска, Романија, Унгарија, Ирска, Словачка, Чешка, Данска, Финска, Естонија и Литванија. Останатите членки немаат донесено конечна одлука.
Хрватска , исто така има право да воведе реципрочно мерки за оние членки кои се решиле да ја користат таа мерка. Истите правила беа воведен и за сите нови членки коишто во ЕУ влегоа во периодот меѓу 2004 и 2007 година, јавуваат храватските медиуми.