„ФРЧАТ“ ОТКАЗИ: Само најупорните кумановски чевлари се на работа
Објавено во: Економија, Корона Вирус 10 Април, 2020 06:52
Добиваат откази или сами си даваат откази. Повеќето чевларски работници од Куманово останаа без работа поради коронакризата.
Лидија Милановска од Здружението на чевлари вели дека 80 отсто од вработените во овој сектор во градот останале без работа. Проблем е што Италија која е нивни главен пазар е блокирана. Дополнително многу од работниците си дале отказ затоа што не сакаат да се мешаат со луѓе во овој период поради ширењето на опасниот вирус, а работничките со мали деца, ја напуштиле работата бидејќи нема кој да се грижи за најмалите, додека градинките се затворени.
„На работа се мал дел од работниците, само најупорните и оние кои немаат друг приход. Ако имаат една државна плата во семејството, тие жени си седат дома. Работиме со многу мал капацитет. Оваа сезона е критична. Мерките на Владата нема да можеме да ги искористиме затоа што критериумите се престроги. Бројката варира, и ние не можеме работниците да ги држиме со сила. Очекуваме да се стабилизираме кога ќе се стабилизира Италија, затоа што 95 отсто од извозот ни оди во оваа земја. Најверојатно работите ќе се средат по одморите, од август, или септември“, додава Милановска.
Дополнително, вели дека мерката на Владата во еден автомобил да се возат најмногу три лица заедно со возачот, нив не им одговара и ќе биде уште еден удар за нивната работа.
Јавен превоз нема во градот, што исто така го попречува работниот процес.
Вели дека работодавачите се обременети со многу обврски, а чевларските фирми немаат никаква гаранција дека одреден работник ќе остане кај нив подолго време.
Кумановскиот чевларски сектор со години вработува околу 1.400 работници.
Oние кои работат, велат дека ги почитуваат мерките за заштита.
„Секој ден газдите нѐ земаат од дома, и нѐ враќаат. Погоните се дезинфицираат секојдневно. Имаме маски, ракавици, дезинфициенси, држиме растојание“, вели работничка од чевларскиот сектор.
Оние кои сѐ уште работат велат дека мора од нешто да се живее, иако земјата е во вонредна состојба.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата





