Фрчеа реплики и натегања: на крај буџетот доби „амин“ во Собрание
Објавено во: Економија 23 Декември, 2019
Инвестиции во човечкиот капитал, вложување во подобро здравство, образование и социјала, предувидува буџетот за следната година која ни тропа на врата.
Буџетот кој Министерството за финансии го предложи, го помина собранискиот филтер.
65 пратенички гласа „ЗА“ го одобрија буџетот а и оваа расправа не помина без натегања како да се трошат народните пари.
Власта и опозицијата се надмудруваа и кошкаа, а во репликите и контрарепликите, се дебатираше кој повеќе придонел за индустријата, кој повеќе ја задолжил државата, кој го зголемил животниот стандард, и дали растот на пензите и палтите е или не е предизборна корупција.
Подетално што се случуваше викендов во собрание читајте тука.