ФРИДОМ ХАУС: Во друштво на кои земји е рангирана Македонија?
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017 14:34
Македонија е делумно слободна земја и е меѓу најлошо рангираните држави во Европа.
Нашата земја има вкупно 57 поени на скалата од 0 до 100. Ова е наведено во најновиот извештај на Фридом Хаус.
Во извештајот стои дека состојбата на Балканот се влошила во однос на изборните процеси како и со владеењето на правото.
Грција, Бугарија, Србија, Романија, Хрватска се во категоријата слободни земји.
Зад Македонија, во Европа, се рангирани Белорусија, Русија, Турција, Босна и Херцеговина и Косово.
Најслободните држави, со резултат од 100 поени, се Норвешка, Шведска и Финска, а зад нив се Канада и Холандија кои добија по 99 поени.
Од организацијата регистрираат назадување во политичките и граѓанските права и кај голем број од „слободните“ држави, како Србија, Унгарија, Франција, САД, Бразил и други.
Регионите на Блискиот Исток и Северна Африка имаат најлоши рејтинзи во светот во 2016 година, а блиску до нив е и евроазискиот регион.
Извештајот на Фридом Хаус е насловен „Популисти и автократи: Двојна закана за глобалната демократија“ и одбележува 11 години последователен пад на глобалните слободи. 87 земји во светот го добија статусот „слободни, 59 „делумно слободни, додека 49 се означени како „неслободни“ држави.
Во последните 10 години најголеми падови во рангирањето се забележани во Централноафриканската Република, Турција, Гамбија и Мали.
За Македонија и лани Фридом Хаус имаше критики за слободата на медиумите.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




