ФЗОМ најави нови поволности за пензионерите
Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2014 18:25
На денешната одржана осумнаесета по ред работилница наменета за пензионери, за едукација на нивните права од здравствено осигурување, како и едукација за определени здравствени програми финансирани од ФЗОМ во Велес беше најавено нова поволност за тазе пензионерите.
Имено, Маја Парнарџиева Змејкова директорката на ФЗОМ најави дека пензионерите ќе имаат здравствено осигурување неколку месеци кои се вакум простор додека да добијат решение за пензија и се очекува да стапи во сила во јануари 2015 година.
- Станува збор за олеснување на новите пензионери кои што што во првите месец, два три, додека да добијат решение за пензионирање од Фондот за пензиско осигурување, а кои во овој период досега немаа здраственото осигурување, сега со оваа новина ќе добијат здравствено осигрување.Тоа значи дека во првите 60 дена откако некој работник заминува во пензија додека добие пензија и го стекне правото на здравствено осигурување како пензионер ќе биде бесплатно здраствено покриен како нов пензионер, појаснила Парнарџиева Змејкова, пренесува здравство24.мк.
Ова ново право вели таа произлегло по барање на нивните Подрачни служби на Фондот за здраствено осигурување кои се соочуваат со овие проблеми со новите пензионери.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




