19 Декември, 2025
0.0463

Габриел Бајрам ги избриша свадбените видеа од фејсбук, никој нема да ги контролира бројните гости што ќе дојдат од Турција

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2020 17:38

Добивај вести на Viber

Неколку пати ја одложувал свадбата на внуката, и на крај сепак решил да ја направи, но не во Македонија, туку во Турција. Сепак, поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите Амди Бајрам, смета дека не ги прекршил законите во земјава.

Фактор вчера ја објави веста за свадбата на внуката на Бајрам, а го објавивме и видеото кое на фејсбук го сподели неговиот син Габриел Бајрам. На него се гледаше како бројните гости, дури 600, уживаат во веселбата. Всушност, беа споделени повеќе видеа и од свадбата, и од бродот каде се одржуваше веселбата. 

Но, денеска видеото не е достапно на фејсбук профилот на Габриел Бајрам. 

Сепак, Габриел споделил текст од порталот Гламур, на кој се фали убавината и стилот на внуката на Амди, Перјан, за која се вели дека предизвикала бројни контроверзи во јавноста. 

„Перјан Бајрам му е внука на еден од нашите најконтроверзни поранешни политичари и која на своите фотографии изгледа како вистинска принцеза... Перјан, која деновиве застана на лудиот камен и се заколна на вечна љубов на својот избраник Мекдедир. Но нивната свадба предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, не толку заради раскошот и гламурот, колку заради тоа што беше организирана на Босфорот и тоа кога во Македонија секојдневно бројките со новозаразените со опасниот корона вирус рапидно се зголемуваат. Но Амди немаше да биде Амди ако не го „надмудреше“ законот, а свадбата излезе попопуларна и од турските серии“, пишува порталот Гламур.

Инаку, снаодливиот Амди ја искористил моменталната законска регулатива која не забранува патување во Турција ниту пак е потребно обезбедување на било каков здравствен документ како потврда дека неговото семејство и гостите на свадбата се негативни на коровнавирусот. Тој за Фокус потврдил дека свадбената веселба се одржала на брод во Истанбул на која присуствувле 600 гости, од кои 370 се од Македонија. 

„Најважно е тоа што има свадба, а во исто време не ги прекршивме законите во земјава. Свадбата беше планирана долго но поради рестрикциите неколку пати беше одложувана. Мораме да ги почитуваме препораките на власта. Во никој случај не сакаме да биде загрозено нечие здравје“, рече Амди Бајрам.

Здравствените власти, за телевизија 24, изјавиле дека ако кој било државјанин на земјава е заразен со вирусот тогаш тој не може да ја напушти државата, а по враќањето нема законска можност на било кој начин да бидат санкционирани доколку со себе го донесат коронавирусот во земјава. 

„Нема законска можност за санкционирање на македонските државјани кои што се враќаат од патување во Турција затоа што во оваа земја е дозволено да се патува без никакви ограничувања а не постојат ниту ограничувања и контроли по враќањето од Турција за нашите државјани“, изјавил за ТВ 24 Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

фото ФБ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот