Габриела Илиевска ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка
Објавено во: Македонија 18 Август, 2025 09:57
Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утрово официјално ја најави својата кандидатура за градоначалничка на Битола како независна кандидатка.
Во обраќањето до граѓаните, таа ги повика сите битолчани, без оглед на партиска припадност, да ја поддржат.
„После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, непартиска и независна Битола, да ми се приклучите и да застанете против три децении запоставување на градот“, рече Илиевска.
Таа нагласи дека, за разлика од политичките партии, нема финансиски средства за голема кампања, но тоа нема да ја спречи да се бори за својата визија. „Пари за кампања и маркетинг немам, ама имам храброст, знаење, интегритет и чесност да излезам против сите што досега ја крадеа Битола. Време е Битола да биде независна“, порача Илиевска.
Илиевска има долгогодишно искуство во Советот на Општина Битола – првиот мандат како советничка од ВМРО-Народна партија, а последните два како независна преку иницијативата „Поинаку“. Јавноста ја препознава по критичките и директни настапи против одлуки кои, како што вели, не биле во интерес на Битола.
Со оваа кандидатура, Илиевска станува првата жена која ќе се натпреварува за градоначалничката позиција во Битола како независна кандидатка.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




