(ГАЛЕРИЈА) Една година откако Крим и рече „ДА“ на Русија
Објавено во: Свет 16 Март, 2015 15:57
Со манифестации и концерти се одбележува 1 година од пристапувањето на 18 март 2014 година на Крим кон Русија со референдумот од 16 март 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин засега не планира работна посета на Крим, пренесоа агенциите, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Истовремено денес Крим почна да ја слави првата годишнина од „враќањето“ на полуостровот под пазувите на Русија, пренесува „АФП“. Парада на автомобили по улиците на Севастопол, концерти, огномет - ова се само дел од настаните со кои жителите на Крим ја одбележуваат годишнината.
На 16 март, пред една година 97% од жителите на Крим, претежно рускојазичното население го поддржаа на референдум пристапувањето кон Русија. Анкетата беше дефинирана од Западот како незаконска, а беше поздравена од Русија.
Година по референдумот во Крим меѓународните организации го критикуваат силно кршењето на човековите права, а Организацијата за безбедност и соработка во Европа изразува загриженост од континуираната „репресија“ на независните медиуми.
Крим, кој зависи од Украина за водата и струјата, не располага со никаква копнена врска со Русија и има проблеми со снабдувањето на прехранбени производи. Сепак 82% од граѓаните го подржуваат пристапувањето кон Русија, според украинско социолошко анкетирање од февруари.
Премиерот на Крим Сергеј Аксаонов изјавил дека Крим ќе го снашло истата судбина како на источна Украина, ако не беше присоединет кон Русија. Во Москва ќе биде организиран во средата голем концерт на два чекора од Кремљ под Насловот: „Ние сите сме заедно“.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел










