16 Декември, 2025
0.0348

ГАЛЕРИЈА: Како би изгледала новата валута во Грција

Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2015 08:38

Добивај вести на Viber

Преговорите за продолжување на програмата за финансиска помош на Грција до неодамна беа во ќорсокак. Сепак и Атина, и Брисел продолжуваат да тврдат дека можноста за Grexit (напуштање на еврозоната од страна на Грција) е сосема реална. Тоа ги враќа шпекулациите за појавата на нова верзија на грчката драхма. Во интервју за France 2 во понеделникот, комесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи, рече дека европските власти немаат план Б, во случај ако Атина сепак одлучи да излезе од еврозоната. "Забрането ни е да размислиме дури за таков план. Нема план Б. Обично кога има алтернативен курс на дејствување, тоа значи дека ние веќе не веруваме во ефектот на првичниот план", истакна тој. Независно од тоа, самите Грци веќе почнаа да се подготвуваат за евентуално излегување од еврозоната. Дизајнерот Павлос Ватикиотис уште во април 2013 година ги претстави моделите кои можат да бидат во основата на новата грчка валута. Неговата работа беше објавено од порталот Protagon. Во своите коментари Ватикиотис посочи: "Почнав да ги цртам новите драхми на шега ... Но, на крајот, резултатот е прилично сериозен. Според мое мислење паричните средства треба да бидат убави. Тоа е еден вид огледало на земјата. Можеби најдобра опција е ако од деноминациите ни се гледаат видни луѓе од земјата. Не знам дали мојата работа ќе затреба на некого некој ден. Можеби Грција ќе се врати на драхмата ". К.К. Погледнете ги неговите дела: drahmata 4 drahmata 5 drahmata drahmata1 drahmata2 drahmata3

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени