(ГАЛЕРИЈА) Премиерот доби покана за Нова година да оди во Солун, Заев вели ќе размисли
Објавено во: Македонија, Галерија 16 Ноември, 2017 13:49
Со жалење и сочуство за загинатите во поплавите во Грција премиерот Зоран Заев денеска го пречека солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.
Премиерот на пресконференицијата рече дека на средбата се разговарало за прашања од непосреден и заеднички интерес, остварување на заедничките цели и интензивирање на комуникациите помеѓу двете соседни земји.

„Прекуграничната соработка, отворањето можности за соработка во туризмот, културата и локалните политики се од голема важност за граѓаните на Македонија и Грција бидејќи директно влијаат на квалитетот на животот затоа Владата ќе ги поддржи сите проекти од идните договори за конкретна соработка“, рече премиерот.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис посочи дека на средбата не се опфатени прашања од надворешната политика, туку е дискутирано за соработката меѓу претставниците на локалните власти која е важна за понатамошна соработка меѓу луѓето и земјите.


Бутарис рече дека го поканил премиерот Зоран Заев да дојде во Солун приватно, да ги поминат празниците заедно, додека премиерот рече дека ќе размисли за понудата, дека идејата е добра и можеби заедно со Ципрас заедно ќе ја дочекаат 2018.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





