(ГАЛЕРИЈА) РК Вардар на услуга на корисниците во салонот на Т-Мобиле во Капитол Мол
Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2014 16:12
Партнерството на Т-Мобиле и РК Вардар продолжи во салонот на Т-Мобиле, каде зад пултовите, услугите на Т-Мобиле ги нудеа Петар Ангелов, Матјаж Брумен и Игор Карачиќ од РК Вардар.
Уште едно изненадување за корисниците на Т-Мобиле се организираше денес, на 12 декември, во салонот на Т-Мобиле во Капитол Мол каде зад пултовите услужуваа Петар Ангелов, Матјаж Брумен и Игор Карачиќ од Ракометниот клуб Вардар.
Ова несекојдневно случување се одвиваше во рамките на партнерството за кампањата за новата Play Comfort постпејд понуда на Т-Мобиле со која се добива 6 GB најбрз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи и 20 часа Mobile MaxTV за само 799 денари месечно. За дополнително задоволство на своите корисници Т-Мобиле овозможи со оваа понуда за само еден денар да се купи новиот Sony Xperia E1 онлајн преку t-mobile.mk, кој по потпишување на договорот бесплатно се доставува дома.
За оваа и за која било друга понуда, корисниците можеа да се информираат кај нашите врвни ракометари и да ја добијат поддршката што ја очекуваат.
„Ракометарите на Вардар со радост ја прифатија оваа идеја да бидат зад пултовите во салонот на Т-Мобиле во Капитол Мол, бидејќи препознаа одлична можност за дружење со бројните навивачи што се наши корисници. И понатаму ќе продолжиме да креираме единствени моменти и несекојдневни доживувања вредни за споделување“, изјави Димитар Ковачевски директор за корпоративни комуникации во Македонски телеком.
„Поддршката која ја добиваме од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија многу значи за нас, а истовремено претставува и силен мотив да се трудиме во секој поглед. Уживавме во исполнувањето на барањата на корисниците на Т-Мобиле, бидејќи како и во секоја дружба со фановите и навивачите, тие уживаа со нас, но далеку повеќе уживавме ние со нив“, изјави Стојанче Стоилов, пикер на РК Вардар и македонски ракометен репрезентативец.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка






