26 Декември, 2024
0.0352

(ГАЛЕРИЈА) Шекеринска: За една година Македонија од изолирана држава стана партнер на НАТО

Објавено во: Македонија 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

 За само една година Република Македонија од проблематична изолирана држава денес е партнер од доверба на НАТО, партнер од доверба на нашите соседи и партнер од доверба на сојузнците, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод одбележувањето на Денот на АРМ-18 Август. 

Според неа,  една година не е доволна да се спроведат сите реформи, но не изостанал напредокот во областа на одбраната, со тоа што една од првите мерки било зголемување на платата од 10 проценти за вработените во одбраната и зголемување на буџетот во одбраната за 15 проценти, со цел да се постигнат НАТО стандардите. 

- Го вративме фокусот на клучните реформи во одбраната и членството во НАТО со исполнување на Стратешкиот одбранбен преглед и Стратегијата за одбрана. Со ова покажавме дека Република Македонија знае што сака и каде сака да оди со што постигнавме една од стратешките цели, а тоа е покана за членство во НАТО и почеток на процесот за пристапување во ЕУ. Што е одраз на силната консензуална определба и амбиција која трае повеќе од 20 години, но потребни се резултати, конкретни и видливи, рече Шекеринска, додавајќи оти целта е знамето на Македонија да стои во Брисел во НАТО како дел од најмоќната воено политичка Алијанса. 

Таа најави дека од септември ќе се организира курс за подофицери што не бил реализиран од 2009 година и до крајот на годината ќе има нови 375 професионални војници во Армијата, а е отворен конкурс и за одбранбено аташе во Париз. 

Придобивките од членството во НАТО ќе се почувствуваат и во економијата, оцени таа. 

- За неколку недели граѓаните ќе имаат историска шанса да се изјаснат за една подобра држава, со зацврстен идентитет и јазик кои нема да бидат оспорувани, со што ќе се зацврсти иднината за идните генерации, истакна Шекеринска. 

Претседателот на РМ и Врховен командант на АРМ, Ѓорѓе Иванов истакна дека АРМ во изминативе години исполнувала големи задачи и во услови кои од година во година станувале се посложени и поризични.

- Армијата е неутрален чувар на територијалниот интегритет и независноста на земјата. Таа ја штити границата, сувереноста, безбедноста и унитарноста на Република Македонија.  Армијата им помагаше на своите граѓани во справување со природните непогоди, а учествува и континуирано во мировните мисии ширум светот, рече Иванов.

На денешната церемонија беше извршено примопредавање на функцијата началник на Генералштаб на Армијата. Досегашниот Методија Величковски е заменет со генерал мајорот Васко Ѓурчиновски. 

На свеченоста присуствуваа и пратеници во Парламентот, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерални наАРМ, амбасадори и воени аташеа во РМ и високи гости од повеќе институции.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финасиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финасиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор