(ГАЛЕРИЈА) Извикуваа„УЧК“ и побараа меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Објавено во: Македонија, Галерија 05 Ноември, 2017 16:49
Со транспаренти на албански јазик и скандирања „УЧК“ и „Косово“, под големо полициско обезбедување, се одржа протестот против пресудите за случајот “Диво насеље“.
Насобраните граѓани два часа, во мирна атмосфера, го изразија незадоволството со протестот пред плоштадот Скендербег и Основниот суд – Скопје 1.
Организаторите на протестот бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот.
Претседателката на Советот на семејствата на обвинетите од Косово, Дашурие Сефа изјави дека настаните од 9 и 10 мај треба да се истражат од меѓународни органи затоа што, според нив, во целиот настан директно се инволвирани државни структури.
„Истрагата на местото на настанот не е направена според македонските закони, туку по нарачка на криминалната власт“- изјави Сефа.
За настаните во Куманово, Кривичниот суд им одреди на обвинетите осум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди.
На 9 и на 10 мај 2015 година, вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.
ФОТО ФАКТОР








* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





